Френк Фогел нема да продолжи како тренер на ЛА Лејкерс. Човекот кој ги водеше „езерџиите“ до историскиот неуспех оваа година, откако не успеа да го однесе тимот до плеј-офот, ќе биде разрешен деновиве.
Адријан Војнаровски, еден од најдобрите инсајдери во НБА, потврди дека последниот натпревар на Лејкерси од регуларниот дел на сезоната (победа над Денвер) е последната средба на Фогел на клупата на тимот од Калифорнија.