Лука Дончиќ се повреди на последниот натпревар на Далас Маверикс во регуларниот дел од сезоната пред почетокот на плејофот во НБА.
Словенечката ѕвезда мораше да ја напушти играта по истегнувањето на мускулот во потколеницата на левата нога пред крајот на третата четвртина.
Дотогаш Дончиќ беше најдобар во својот тим со 26 поени, 8 скока и 9 асистенции.
„Се надевам дека не е премногу сериозно“, рече тренерот на Маверикс, Џејсон Кид, по натпреварот.