Шпанецот Карлос Алкараз кој синоќа го совлада Гаел Монфис во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс (7:5, 6:1), стана најмладиот тенисер во последните 33 години кој стигнал меѓу најдобрите осум на овој престижен турнир. 18-годишниот Шпанец победи на девет од последните 10 натпревари. Оваа победа над Монфилс за Алкараз беше деветта победа во низа, која за првпат во неговата кариера го однесе до четвртфинале на престижниот Мастерс. Најмладиот тенисер кој стигнал до четвртфинале во Индијан Велс е 17-годишниот Мајкл Ченг во 1989 година.
Author: saso
Македонската ракометна репрезентација вечерва е домаќин на Романија во првата средба од првиот бараж за пласман на Светското првенство. „Црвено-жолтите“ ќе се обидат да го искористат домашниот терен и да остварат резултат кој на реваншот во Букурешт ќе може да не однесе на чекор до Мундијалот. Кирил Лазаров веќе ги одбра момците на кои ќе смета за битката во СЦ „Борис Трајковски“ на која нема да ги гледаме Мартин Серафимов, Ненад Костески, Марко Стојковиќ, Марко Кизиќ и Игор Ѓорѓиев, кои отпаднаа од списокот за денешниот меч. Свое официјално деби за националниот тим може да има левиот бек, Павле Атанасијевиќ од…
Реал Мадрид подготви специјален дрес за големото дерби со Барселона, популарното „Ел Класико“ кое ќе се одигра в недела. На мечот со вечниот ривал, „кралевите“ ќе се појават со нови црни дресови со бели детали. Овој комплет е дел од колекцијата дизајнирана од Адидас и јапонскиот дизајнер Јоџи Јамамото за 120-годишнината на Реал Мадрид. ℝ – The Yohji Yamamoto collab celebrates the 20th anniversary of Adidas Y-3 and the 120th anniversary of the club. The kit will reportedly be worn in this weekends Clásico@realmadrid pic.twitter.com/icFhHHxfeE — Kit Mag (@KITmagazine_) March 17, 2022
Манчестер Јунајтед веќе има свој фаворит за тренерската функција следната сезона. По многуте имиња кои се свртеа низ медиумите, сепак, името на тренерот на холандски Ајакс, Ерик Тен Хаг е првиот избор на „црвените ѓаволи“. Во исто време, Манчестер Јунајтед се уште нема донесено конечна одлука, затоа што разговорите со Тен Хаг се на почеток. Ако не успее планот за ангажман на Холанѓанецот, втора опција за Манчестер Ј. е Томас Тухел од Челзи.
Тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Попович, наскоро најверојатно ќе ја напушти функцијата. Според инсајдерот Марк Стајн, главен кандидат за местото на Попович е Квин Снајдер, кој ја води Јута од 2014 година. Под водство на Снајдер, тимот на Џезерие се пласираше во плејофот петпати по ред и продолжува да зазема високи позиции во поредокот.
Македонската ракометна репрезентација во Скопје продолжи со подготовките пред двомечот со Романија на патот до СП 2023 година. Селекторот Кире Лазаров утрово ги собра репрезентативците, иако некомплетни, и почна со подготвување на стратегијата за првиот меч в четврток во Скопје. „Ние уште по пласманот на ЕП претпоставувавме дека ќе играме бараж за СП. Тоа го имавме во глава уште по поставувањето на селектор. Исто е тоа што тие имаат ист тренер, имаат некои промени. Паски е многу познат тренер, тренер кој 12 години беше во Барселона. Сигурно дека тие имаат добиено на сериозност, на квалитет и на стратегија. Што се…
Еден од најдобрите квотербекови на сите времиња, Том Брејди синоќа објави дека се враќа од пензија и дека оваа сезона ќе игра за Тампа Беј во НФЛ лигата. „Во последните два месеци сфатив дека местото ми е на теренот, а не на трибините. Ќе има време и за тоа, но не е сега. Ги сакам моите соиграчи и го сакам моето семејство кое ме поддржува. Тие направија ова да е реално. Се враќам. И во мојата 23-та сезона ќе играм за Тампа“, изјави Брејди. Брејди во текот на кариерата освои седум титули во Суперболот, од кои во 2020 година и…
Третиот светски рекет, Александар Зверев (Германија) доживеа елиминација во второто коло наМастерсот во Индијан Велс (САД). Тој загуби од Американецот Томи Пол со 2:1 во сетови (2:6, 6:4, 6:7). Германецот не успеа да искористи водство од 4:2 во решавачкиот трет сет, а во тај-брејкот 39-тиот на АТП-листата Пол успеа да освои шест од првите седум плеј-оф поени на пат кон успехот. Второто изненадување на вечерта го направи Ботик ван де Зандшулп од Холандија, кој спаси три меч топки и го елиминираше деветтиот фаворит Феликс Ожер-Алиасим од Канада со 7:6 (4), 6:7 (4), 6:3.
Поранешниот холандски напаѓач Клас-Јан Хунтелар влезе во раководните структури на Ајакс. 38-годишниот поранешен фудбалер ќе работи во спортскиот оддел на клубот. Хунтелар ќе потпише договор со Ајакс до јули 2024 година. Тој ќе стане помошник на актуелниот спортски директор на клубот, Џери Хамстра, откако по секс-скандалот функцијата спортски директор ја напушти Марк Овермарс. Хунтелар за време на неговата кариера како фудбалер играше за Ајакс од 2006 до 2009 година, а исто така и од 2017 до 2021 година.
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги по ремито со Торино (1:1), изјави дека неговите момци мора да ја кренат формата, ако сакаат повторно да станат шампиони. „Знаеме дека за повторно да го освоиме Скудетото, треба да направиме повеќе и да им пристапиме на овие натпревари поинаку, дури и ако има некои изговори. Изгубивме енергија и играчи во решавачкиот момент од сезоната, но ова не треба да биде алиби. Јасно е дека можеме повеќе. Сега имаме 10 финалиња, плус полуфиналето на Копа Италија, па мораме да се обидеме да се опоравиме и да се претставиме најдобро што можеме. За жал, неодамнешната серија…
