Италија е подготвена да биде домаќин на остатокот од сезоната на Украинското фудбалско првенство. Ова го соопшти првиот човек на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) Габриеле Гравина. „ФИГЦ е подготвен да биде домаќин на натпревари од украинскиот шампионат, бидејќи сакаме да им помогнеме. Работиме и на други иницијативи“, рече Гравина во интервју за Кориере дела Сера. Првенството на Украина беше прекинато на 24 февруари.
Author: saso
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека би можел да остане на кормилото на клубот од „Енфилд“ и по завршувањето на неговиот актуелен договор во 2024 година, под услов да има енергија за тоа. Клоп, кој му се приклучи на Ливерпул во 2015 година, им помогна на „црвените“ да ја освојат Премиер лигата и Лигата на шампионите, како и Лига купот кој што го освоија минатиот викенд. Запрашан за неговите коментари пред натпреварот на Ливерпул во Премиер лигата против Вест Хем, 54-годишниот играч рече дека неговата одлука зависи од неговите „нивоа на енергија“ и додаде дека може да донесе одлука…
ПСЖ сака да го подмлади составот и можеби нема да го продолжи договорот со некој од повозрасните фудбалери во тимот. Поради оваа причина, ПСЖ се двоуми дали да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Анхел Ди Марија, а исто така се споменуваат уште неколку играчи кои се на пат да си заминат. На местото на Ди Марија, ПСЖ може да потпише со играчот од средниот ред на Лион, Лукас Пакета.
Никита Мазепин и официјално нема да вози оваа сезона во Формула 1. Имено неговиот, сега веќе поранешен тим Хас, одлучи да му го раскине договорот на рускиот возач и да го отстрани од тимот. Причината е војната во Украина. Познато е дека семејството Мазепин е во блиску односи со претседателот на Русија. Одлуката, тимот на Хас ја образложи дека како и целиот свет и тие се шокирани од случувањата во Украина и дека го раскинуваат договорот не само со возачот туку и со руските спонзори.
Македонија со тројца атлетичари ќе се појави на Балканското првенство за сениори во сала, кое утре почнува во Истанбул, Турција. На балканскиот шампионат ќе учествуваат 22 држави, членки на Балканската федерација, со преку 350 атлетичари. Македонија ќе ја преставуваат Јован Стојоски во дисциплината 400 м., пријавен со личен резултат и рекорд на Македонија 47,18 секунди, Дарио Ивановски во дисциплината 3000 м. со личен резултат и рекорд на Македонија 8.01.63 минути, како и Андреас Трајковски, кој ќе се натпреварува во две дисциплини, скок во далечина со личен резултат и рекорд на Македонија 7,65 метри и 60 м. со личен резултат 6,90…
Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски, сосема заслужено го понесе епитетот „најдобар голман“ во 13. коло од ЕХФ Лигата на шампионите. Чуварот на мрежата на Порто со фантастичните 14 интервенции беше најзаслужен што неговиот тим остана непоразен на гостувањето кај Флензбург. Во изборот на „Идеалните 7“ во тековното коло од ЕХФ Лигата на шампионите, друштво на Митревски му прават и левото крило на ППД Загреб Давид Мандиќ, левиот бек Петар Ненадиќ од Веспрем, централниот бек Феликс Клар од Алборг, десниот бек Рајнкинд од Кил, десното крило Штајнхаузер од Флензбург, како и пивотменот на Динамо (Б), Мамду.
Формула 1 објави дека го раскинала комплетниот договор со Русија за одржување на трката заГолемата награда на Русија на патеката во Сочи. Формула 1 потврди дека е раскинат договорот со промоторот на трката, и како таква, Русија нема да биде домаќин на Формула 1 трки во иднина. Договорот беше валиден до 2025 година. Од сезоната 2023 година беше планирано трката за ГН на Русија да се одржува на патеката во близина на Санкт Петербург.
Рускиот фудбалски сојуз соопшти дека ќе се жали до Арбитражниот спортски суд во Лозана за суспензијата и исфрлањето од сите фудбалски натпреварувања кои ги донесоа ФИФА и УЕФА. По агресијата на Русија врз Украина, двете најмоќни фудбалски федерации во светот реагираа со исфрлање на руските клубови и репрезентации од сите натпреварувања под нивна јурисдикција. Русите сметаат дека политиката не смее да се меша во спортот и сметаат дека имаат шанси да го добијат спорот.
Дефанзивецот на Интер, Стефан де Врај би можел да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига. Тотенхем е заинтересиран за услугите на 30-годишниот играч и ќе направи се, ова лето да го донесе во Лондон. Според информациите, англискиот клуб е подготвен да му понуди на играчот 4-годишен договор со плата од 6,5 милиони евра по сезона. Италијанскиот клуб може да го продаде дефанзивецот за сум од 25 до 30 милиони евра. 30-годишниот Де Врај игра во актуелното италијанско првенство од 2018 година, а има договор со „нероаѕурите“ кој му истекува следната година.
Синоќа со ждрепка беа одредени и двојките за следната, четвртфинална рунда од англискиот ФА Куп. Ждрепката сакаше дел од најголемите фаворити за трофејот, сепак, да се избегнат во оваа фаза од натпреварувањето. Шампионот Манчестер Сити ќе има тешко гостување кај Саутемптон, а челзи ќе му гостува на Мидлсброу. ФА КУП – ЧЕТВРТФИНАЛЕ: Кристал Палас – Евертон Нотингем Форест / Хадерсфилд – Ливерпул Мидлсброу – Челзи Саутемптон – Манчестер Сити Натпреварите од оваа фаза ќе се одиграат на 19-20 март.
