Author: saso

Нголо Канте на лето би можел да се пресели од Челзи во ПСЖ. Според информација на британски „Телеграф“, парискиот клуб сериозно ќе тргне по потписот на францускиот репрезентативец. Неговиот договор со Челзи е до следното лето и најверојатно нема да биде продолжен. 30-годишниот играч од средниот ред одигра 16 настапи оваа сезона во Премиер лигата, постигнувајќи 2 гола и 2 асистенции.

Read More

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, призна за сериозната неизвесност околу лондончани во овој момент, што ги погодува и играчите на клубот. Сè позабележително е во Велика Британија, растат најавите за бркање на Роман Абрамович од сопственичката структура на Челзи. „Не смееме да се правиме дека тоа не е проблем. Ситуацијата е страшна. Никој не го очекуваше ова што се случува, тоа е нереално. Ова ја замаглува возбудата на натпреварот и носи голема неизвесност, но многу повеќе е за луѓето кои се директно инволвирани, па им испраќаме најдобри желби. Околу нашиот клуб владее голема неизвесност, во Обединетото Кралство кружат секакви сценарија.…

Read More

Подмладената кошаркарска репрезентација на Македонија запиша пораз на гостувањето во Тбилиси, но утре вечер, од 20 часот, в А1 Арената „Борис Трајковски“ ќе има можност да направи подобар резултат во реванш дуелот. Македонија и на овој меч ќе биде без првиот стратег Драган Бајиќ кој и на последниот ПЦР тест бил позитивен. Нашата селекција ќе ја предводи в.д. селекторот Александар Јончевски. „При анализата на натпреварот штo го одигравме во Тбилиси, забележавме многу работи кои можеме да ги поправиме. Работевме на моментот да ги запреме нивните најдобри играчи Мекфејден и Шермадини, но не успеавме во тоа и ќе се обидеме тоа…

Read More

Чехшаката скијачка Естер Ледецка победи на спустот во женска конкуренција во швајцарска Кран-Монтана. За 26-годишната Ледецка, која на почетокот на месецов ја освои олимписката титула во паралелен велеслалом во сноуборд, ја обезбеди првата победа сезонава во Светскиот куп во алпско скијање и трета во кариерата. Таа беше за 21 стотинка побрза пред Норвежанката Рагнхилд Мовинкел, која заврши втора, и Австријката Корнелија Хитер беше трета на подиумот.

Read More

Изолацијата во која се сместени спортистите со позитивен тест за коронавирус стана силен психолошки тест за самите спортисти, вели претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах. „Некои овде во Пекинг мораа да платат многу висока цена. Имаше спортисти кои мораа да бидат изолирани. Ова е најтешкиот тест – да присуствуваш на Игрите, да гледаш како се натпреваруваат твоите противници, како се одвиваат сите игри. А ти си тука, но не си дел од Олимпијадата, иако за овој момент работевте многу долго. Ова е навистина сериозен психолошки тест за спортистите“, изјави Томас Бах. Организаторите на Олимпијадата преземаат засилени мерки за…

Read More

Осум екипи во машка конкуренција, од денеска до недела ќе се борат за првиот трофеј во македонската кошарка оваа сезона, во Купот на Македонија кој од лани го носи името „Благоја Георгиевски Буштур“. Премиерното издание со ова име му припадна на МЗТ Скопје кој има десет пехари и заедно со Работнички е рекордер. Куриозитет во Купот е тоа што од 2010 година, пехарот од ова натпреварување не мрднал од Скопје затоа што шест пати го освои МЗТ Скопје, три Работнички и еднаш Карпош Соколи со тоа што една сезона завршницата не се одржа, поради пандемијата со корона вирусот. Последен клуб,…

Read More

Хокеарите на Финска се пласираа во финалето на машкиот хокеарски турнир на Зимските Олимписки игри во Пекинг, откако ја совладаа селекцијата на Словачка со 2:0 во првото полуфинале. Ова е трето финале за Финска во историјата на Зимските олимписки игри, а двапати досега беа поразени (1988 и 2006 година). Подоцна денеска во второто полуфинале ќе се сретнат олимписките шампиони од Пјонгчанг, Русија и селекцијата на Шведска.

Read More

Тренерот на Барселона, Чави, по вчерашниот меч со Наполи во плеј-офот од ЛЕ, вели дека не е задоволен само од реализацијата. „Мислам дека единственото нешто што ни недостасуваше беше реализацијата. Бевме добри под висок притисок. Чувствата се многу добри, но резултатот е нерешен. Резултатот требаше да биде победа и, искрено, барем со неколку голови разлика. Игравме добро, но играме во Лигата на Европа. Не се работи за чувството, туку за резултати, но играта навистина беше одлична“, изјавил Чави.

Read More

Михо Такаги од Јапонија стана победник на финалната трка на 1000 метри во брзо лизгање на ЗОИ во Пекинг. Јапонската лизгачка го помина растојанието за 1:13,9 минути, постигнувајќи нов олимписки рекорд. Второто место и сребрениот медал го освои Јута Лирдам претставничката на Холандија. Таа заостана 64 стотинки зад победничката. На подиумот место имаше и за Американката Британи Боу која на крајот ја освои бронзата.

Read More

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, по синоќешниот пораз од Леванте во ла Лига изјави дека ситуацијата во тимот оваа сезона е благо речено, алармантна. „Ова е тежок момент, сите ние треба да се подобриме. Алармантна е ситуацијата во која се најде Атлетико. Ова не е позицијата што ја очекувате од овој клуб. Малку е да се каже. Мораме да го подобриме нашето ниво ако сакаме да влеземе во Лигата на шампионите следната сезона“, изјави Облак. По 24 натпревари во шпанската Ла Лига, Атлетико е петти со 39 бодови.

Read More