Хокеарите на Финска се пласираа во финалето на машкиот хокеарски турнир на Зимските Олимписки игри во Пекинг, откако ја совладаа селекцијата на Словачка со 2:0 во првото полуфинале.
Ова е трето финале за Финска во историјата на Зимските олимписки игри, а двапати досега беа поразени (1988 и 2006 година).
Подоцна денеска во второто полуфинале ќе се сретнат олимписките шампиони од Пјонгчанг, Русија и селекцијата на Шведска.