Јапонецот Ајуму Хирано ја освои олимписката титула во дисциплината халфпајп во натпреварите во сноуборд ЗОИ во Пекинг. 23-годишниот Хирано направи феноменално последно спуштање на патеката „Сикрет Гарден“ и успеа да го потврди златото. Јапонецот, кој сезонава е лидер во светскиот шампионат, покажа одлични акробации во воздух и скокови кои достигнаа висина од 5,5 метри над рампата. За него ова е прво олимпиското злато по двата последователни сребрени медали во Сочи 2014 и Пјонгчанг 2018 година. Трикратниот светски шампион Скоти Џејмс (Австралија) заврши на второто место, додека бронзата ја освои Јан Шерер (Швајцарија) со 87,25 поени.
Author: saso
Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами конечно ја додаде титулата олимписка шампионка во својата импресивна спортска биографија. Утрово на патеката „Рок“ во Јанкинг таа славеше на Супер-Џи трката во женска конкуренција во која е и актуелна светска шампионка. 30-годишната Швајцарка триумфираше со време од 1:13.51 минути што се покажа недостижно за силе останати конкурентки. Сребрениот медал и припадна на 29-годишната Австријка Миријам Пухнер, додека бронзена беше нејзината сонародничка Мишел Гисин.
Ф1 тимот на Астон Мартин синоќа ја одржа официјалната промоција нановиот болид за следната сезона. Станува збор за новиот модел AMR22, кој следнава сезона ќе го возат Себастијан Фетел и Ленс Строл. Веќе денеска двајцат авозачи на патеката Силверстон ќе ги имаат и првите промотивни кругови со новиот болид. A day we’ll never forget. 💚 #AMR22 #WeClimbTogether pic.twitter.com/fXdc17pWRo — Aston Martin Aramco Cognizant F1 Team (@AstonMartinF1) February 10, 2022
Астон Вила се обидува да го откупи договорот на офанзивниот играч за врска Филипе Кутињо од Барселона ова лето. Договорот за закуп меѓу клубовите вклучува откупна опција за 40 милиони евра, но Вила не е подготвена да ја плати оваа сума, па ќе се обиде да издејствува намалување на сумата. Астон Вила на Бразилецот ќе му понуди долгорочен договор со намалување на платата. Клубот се надева дека Кутињо ќе изврши притисок врз Барселона и ќе помогне да се договори трансфер за помалку од 40 милиони евра.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди од судот во Валенсија е осуден на четири месеци затворска казна затоа што возел без возачка, за која патем, никогаш и немал положено. Според пишувањата на весникот „Лас Провинциас“, Барди ја прифатил казната, откако на судењето признал дека документот што и го покажал на локалната полиција на Валенсија е лажен. Судијата ја суспендира затворската казна и ја заменил со условна казна од две години со опомена дека истата ќе се активира доколку играчот од средниот ред повторно направи кривично дело.
Кинеската скијачка Ајлин Гу ја освои титулата во слободно скијање во дисциплината Биг Ер на Зимските олимписки игри во Пекинг. Таа утрово ја победи конкуенцијата предводена од Французинката Тес Ледо и Швајцарката Матилде Жермо кои исто така се искачија на победничкиот подиум. 18-годишната Гу родена во САД, со одличен настап во третата серија стигна до златото, со што од третата позиција се искачи на првата, славејќи со 188,25 поени, 0,75 повеќе од главниот фаворит Ледо, инаку трикратна победничка на X-Games.
Македонскиот нордиец Ставре Јада утрово стартуваше во квалификациите во машкиот спринт на 1,5 километар на Зимските олимписки игри во Пекинг и на крајот го освои 86. место. Јада оствари време од 3:29.13 минути, што практично беше заостанување од 44,1 секунда зад најдобриот во квалификацискиот дел, Лукас Шанава од Франција. Ставре беше првиот македонски олимпиец кој имаше настап на ЗОИ во Пекинг. Тој во завршницата на Олимпијадата ќе настапи ни на 50 километарската трка каде и најави остварување најдобар резултат.
Австриецот Матијас Мајер ја одбрани својата олимписка титула во супервелеслалом, откако утрово беше најдобар и на патеката Јанкинг на Зимските олимписки игри во Пекинг. Тој славеше со четири стотинки предност пред сребрениот Американец Рајан Кокран-Сигл и 42 стотинки пред бронзениот Норвежанец Александар Омод Килде. Со оваа победа Мајер стана третиот алпски скијач во историјата кој освоил злато на три различни ЗОИ.
Челзи сака да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Мејсон Маунт, објави новинарот Николо Шира на својот Твитер. Во наредните недели лондонскиот клуб ќе разговара со играчот за продолжување на договорот. Актуелниот договор на Маунт со „сините“ истекува во 2024 година. Челзи е подготвен да му понуди долгорочен договор на играчот од средниот ред и планира да му ја зголеми платата.
Поранешниот играч за врска на Тотенхем и белгиски репрезентативец, Муса Дембеле се повлече од фудбалот. Дембеле планира да живее во Антверпен, Белгија и да поминува повеќе време со семејството. Последниот клуб на Дембеле беше кинескиот Гуангжу Сити, во кој се пресели во јануари 2019 година од Тотенхем.
