Author: saso

Тренерот на Челзи,  Арно Михелс, кој го водеше тимот на куп-мечот против Плимут, по дуелот потврди дека двајца играчи кои беа заменети имаат повреди. „Во продолжението, Мејсон Маунт почувствува болка кога шутираше кон голот. Додека играше, тоа не беше голем проблем и тој забележа дека нешто не е во ред прилично брзо, па решивме да го симнеме. Ќе направиме дополнително испитување и се надеваме дека нема да има сериозни проблеми, но во моментов немам точни информации за тоа. Хаким Зијех исто така имаше проблеми и Аспиликуета се пожали на тетивата. Тоа е повеќе мускулен проблем отколку повреда. Исто така, се…

Read More

Александер Бољшунов и го донесе првиот златен медал на Русија за Зимските олимписки игри во Пекинг. Тој доминираше во скиатлонот 15+15 километри. 25-годишниот Бољшунов беше подобар од сонародникот Денис Спицов и покрај тоа што на стартот на трката падна, но успеа да се врати и да дојде до предност на четири километри до крајот на трката. Финецот Илво Нисканен го освои бронзениот медал.

Read More

Освојувачот на светскиот куп во биатлон Јоханес Тингнес Бое и неговиот колега од норвешкиот биатлон тим Ингрид Тандреволд ја пропуштија прес-конференцијата на тимот во Пекинг откако имале контакт со лице заразено со Ковид-19. Тројца од норвешките скијачи во крос-кантри и еден тренер беа позитивни на Ковид-19 по предолимпискиот тренинг камп во Италија, што ги наруши плановите за патување на норвешкиот тим. „Во извесна смисла, веќе не сме изненадени. Мора да бидете подготвени за се што може да се случи. Во моментов имаме карантинска ситуација која е доста досадна за погодените“, велат од норвешкиот тим. Во сабота со мешаната штафета започнуваат…

Read More

Шефовите на Манчестер Сити се уверени дека ќе постигнат договор со Бернардо Силва и Португалецот ќе потпише нов договор со клубот. Актуелниот договор на играчот од средниот ред е до 2025 година, но од „Етихад“ сакаат да го обврзат на долг рок и веќе преговараат. Ова е сериозна промена во ставот на Силва, кој во еден момент не се чувствуваше среќен во Манчестер и беше подготвен да го напушти „Етихад“. Неговиот менаџер Жорге Мендеш дури почна да му бара нов клуб, поврзувајќи го со Јувентус и Милан. Сепак, се чини дека сега ситуацијата е променета и Португалецот е подготвен да…

Read More

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар е блиску до враќање на терените по повредата. Резултатите од прегледот, кој Бразилецот го направи во понеделникот, покажаа дека играчот може да започне со индивидуални тренинзи. Вчера тој се загреваше пред индивидуалниот тренинг и имаше кратка сесија со колегите од ПСЖ. Од клубот веруваат дека Нејмар ќе може да игра против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, дури и ако нема време да се врати во форма. Натпреварот е закажан на 15 февруари.

Read More

На ден пред официјалното отворање на ЗОИ во Пекинг, веќе започнаа дел од натпреварите на екипните турнири. Утрово започна женскиот олимписки турнир во хокеј на мраз, каде домашната репрезентација Кина, успеа да го постигне својот прв историски гол на зимските олимпијади. Кина загуби со 3:1 на мечот со Чешка, но во 30. минута од натпреварот кинеската хокеарка Ле Ми го постигна првиот гол во историјата на Кина на Олимписките игри. Интересно е што Ле Ми е всушност натурализирана хокеарка во кинескиот тим, а нејзиното вистинско име е Хана Милер. Хана е само една од големиот број натурализирани хокеарки во кинескиот…

Read More
NBA

Кошаркарите на Јута синоќа на домашен терен го совладаа Денвер со 108:104 и со тоа ја прекинаа серијата од пет последователни порази во НБА лигата. Во тимот од Солт Лејк Сити најефикасен беше Трент Форест со 18 поени и осум асистенции, поен помалку додаде Мајк Конли, додека најдобар учинок кај Денвер имаше Брин Форбс со 26 поени. Гостите беа без Никола Јокиќ поради повреда на палецот. Оклахома го победи Далас на гости по продолжение со 120:114. Лугенц Дорт постигна 30 поени кај гостите, од кои 14 во продолжението. Во тимот на Далас до дабл-дабл учинок стигна Лука Дончиќ со 40…

Read More

Уругвајскиот напаѓач од екипата на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани нема да се пресели во Ривер Плата. Новинарот Фабрицио Романо вели дека страните немаат интерес за овој трансфер, а никој и не водел никакви преговори. Уругваецот се согласи да остане во Манчестер до крајот на сезоната, кога ќе ја донесе одлуката за неговата иднина. Кавани се пресели во Манчестер Јунајтед во октомври 2020 година како слободен фудбакер.

Read More

Францускиот ветеран од екипата на Салернитана, Франк Рибери, може предвреме да го раскине договорот со тимот и да ја заврши кариерата. Според дел од италијанските медиуми, Рибери кој дојде во Салернитана во септември 2021 година, веќе сериозно размислува за пензионирање. Договорот на францускиот фудбалер со клубот е до крајот на тековната сезона. Оваа сезона, 38-годишниот фудбалер забележа 12 настапи во Серија А и реализираше 2 асистенции.

Read More

Во продолжението од кошаркарските квалификации за пласман на Светскиот Куп 2023, машката сениорска репрезентација ќе го промени местото на одигрување на натпреварите на домашен терен. Откако првиот квалификациски натпревар „црвено-жолтите“ го одиграа во Спортскиот центар „Јане Сандански“, оној наредниот ќе биде реализиран на 27 февруари, во А1 Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Утврдено е и времето на одигрување на средбата против селекцијата на Грузија која е во рамките на 4. коло од групата „Г“ од квалификациите за СК 2023. Вториот меч против Грузија во рок од неколку дена (првиот се игра на 24 февруари во Тбилиси, од 16 часот),…

Read More