Брентфорд утрово го објави потписот со данскиот играч за врска Кристијан Ериксен. Тој доби договор до крајот на сезоната. Данецот замина од Интер како слободен играч кон средината на декември, бидејќи неговиот имплант на срцевиот уред не му дозволува да игра професионално во Италија. 29-годишниот Ериксен нема играно откако доживеа срцев удар за време на натпреварот на Данска со Финска на ЕП 2020 на 12 јуни и сакаше да се врати на највисоко ниво со надеж дека ќе оди и на Светското првенство.
Author: saso
Играчот за врска на екипата на Тотенхем, Ндомбеле, веќе пристигнал во Франција. Како што објавија француските медиуми, фудбалерот на лондончани во текот на денешниот ден треба д аго финализира трансферот во екипата на Олимпик Лион. Се зборува дека станува збор за позајмица до крајот на сезоната, со тоа што Лион ќе добие право на откуп на неговиот договор. За време на позајмицата Лион ќе ја исплаќа комплетната негова плата.
Волфсбург и официјално го врати напаѓачот Макс Крузе. 33-годишниот поранешен германски репрезентативец потпиша со „волците“ на 1,5 година. Крузе доаѓа од Унион Берлин за 5 милиони евра. Тој ќе треба да го замени Вут Вегхорст, кој денеска ќе го финализира трансферот во Барнли. Напаѓачот веќе настапуваше за Волфсбург во сезоната 2015/2016, по што беше продаден на Вердер Бремен.
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Фил Џонс се предомислил и не сака да му се приклучи на Бордо на позајмица до крајот на сезоната. Претходно, клубовите веќе се договорија за соработката, но 29-годишниот Англичанец на крајот одбил да ја продолжи кариерата во францускиот клуб. Џонс е под договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2023 година и по се изгледа ќе остане да ја грее клупата на „Олд Трафорд“.
Ракометната репрезентација на Шведска, вчера по пауза од 20 години успеа да се искачи на тронот на Европа. Во финалетона ЕП во Будимпешта, Швеѓаните ја совладаа Шпанија и успеаја да го освојат европското злато. Меѓу оние кои беа најсреќни по поразот беше и селекторот на Шведска, Норвежанецот Солберг кој не ја криеше радоста по мечот. „Невозможно е да се опише, толку сум горд. Горд и трогнат. Горд сум на оваа група момци кои се фантастични. Одиграа онака како што се договоривме. Имавме проблем со ковидот и други работи беа против нас, но сепак се справуваме со тоа најдобро што знаеме.…
Данска е освојувач на бронзениот медал на Европското првенство во Унгарија. Иако ослабени со неиграњето на еден од најдобрите играчи на планетата, Микел Хансен, Данците по голема борба и продолженија ја добија Франција со 35:32 (29:29, 13:14) и го освоија бронзениот медал. Најефикасни во составот на Данска беа Јакоб Холм со 10, Никлас Киркелоке со пет и Расмус Лауге со четири гола. Кај Франција расположени за игра во нападот беа Кантин Мае со осум и Хуго Дескат со седум гола.
Македонската делегација која ќе не преставува на Зимските олимписки игри во Пекинг в недела заминува на Игрите каде ќе бидеме преставени од тројца спортисти во натпреварите во алпско скијање и нордиско трчање. Денеска Македонскиот олимписки комитет одржа прес-конференција на која беа преставени нашите олимпијци и беа искажани нивните очекувања од настапите на ЗОИ Пекинг 2022. Нашата делегација ќе биде предводена од Владимир Богоевски, спортскиот директор на МОК, а на чинот на свеченото отворање на Игрите македонското знаме ќе го носат скијачот Дардан Дехари и нордијката Ана Цветановска.
Раководството на „Формула 1“ и организаторите на трката во Лас Вегас ги продолжуваат преговорите за одржување на Големата награда на Лас Вегас во рамките на најпопуларното автомобилистичко натпреварување на планетата. Се претпоставува дека официјалното објавување на зделката би можело да се случи веќе во првата половина на оваа година. Преговорите се забрзани во последните месеци и страните сега разговараат за логистички прашања, Формула 1 која ќе биде домаќин на две трки во САД почнувајќи од оваа година, со додавање на Големата награда на Мајами и веќе постоечката во Остин, може да има и трет престој во САД, овој пат во…
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ утрово пристигна во Торино каде ќе потпише договор со Јувентус. Како што е редот, најпрво тој ќе мора да ги мине лекарски прегледи, по што ќе се верификува договорената соработка. Трансферот од Фиорентина ќе ја чини „Старата дама“ 70 милиони евра плус уште пет преку бонуси, како што беше претходно објавено вчера. Влаховиќ ќе добива седум милиони евра годишно нето за период од пет години. Во Јуве ќе настапува со дресот со број 28.
Репрезентацијата на Данска е мал фаворит во првото денешно полуфинале на ЕП во Будимпешта. Данците имаат 4 последователни победи над Шпанија во нивните меѓусебни пресметки и се надеваат дека серијата ќе продолжи и денеска во Будимпешта. Сепак, селекторот на Данска, Николај Јакобсен, вели дека натпреварите не можат да се споредуваат еден со еден. „Дел од таа статистика е веројатно бескорисна, но дава верба дека можеме да ја победиме Шпанија во решавачките натпревари. Најдовме добар начин да играме, а играчите се сигурни во тоа што го правиме. Шпанија е тим со многу рутина. Играат со поголема брзина особено во напаѓачкиот дел.…
