Раководството на англиската Премиер лига одлучи дека во иднина ќе се одложуваат натпреварите само доколку има четири потврдени позитивни тестови за коронавирус, пренесува англискиот весник „Дејли мејл“. Според изданието, новите правила ќе стапат на сила во февруари, а 18 од 20-те клубови ги поддржале промените. Според сегашните правила, одложувањето се заснова на бројот на играчи кои се достапни за игра.
Author: saso
Откако вчера Данска и практично стана прв полуфиналист на ЕП селекторот Јакобсен најави дека за последниот меч во групата со Франција најверојатно ќе ги одмора најдобрите. Нивниот дуел со „триколорите“ ќе биде од клучно значење за Исланѓаните, кои освен што ќе мора да ја победат Црна Гора ќе се надеваат и на победа на Данска за да можат да минат како втор полуфиналист од групата. „Нашиот фокус е да останеме со свежи играчи за во петок. Тоа е најважната битка за нас сега. Дефинитивно ќе поштедам некои играчи во среда. Прво да видиме кои играчи треба да се одморат, а…
Светскиот рекет број еден, Австралијката Ешли Барти, извојува убедлива победа во четвртфиналниот меч на Австралија опен, против Американката Џесика Пегула и се пласираше во полуфиналето. Барти експресно ја доби 21-та на ВТА ранг-листата во два сета: 6:2, 6:0, за само еден час игра. Нејзина противничка во следната рунда ќе и биде американската тенисерка Медисон Кејс која прва обезбеди полуфинале, откако утрово по два сета со 6:3, 6:2 ја совлада четвртата тенисерка во светот, Барбора Крејчикова. Кејс која моментно е 51. тенисерка во светот, победата ја оствари за час и 25 минути.
Рафаел Надал е прв полуфиналист на првиот Грен Слем турнир оваа година, Австралија опен. Шестиот тенисер во светот по голема борба на крајот го победи Денис Шаповалов со 6:3, 6:4, 4:6, 3:6, 6:3. Деконцентрираниот Шаповалов го загуби првиот сет, а потоа некако дозволи Рафа да му побегне и во вториот, па беше доцна да спасува негатива од 2:0. Сепак, Канаѓанецот успеа да ги добие следните два сета и да израмни на 2:2. Во олдучувачкиот петти сет, надал поведе со 3:0 и потоа лесно успеа да го приврши мечот до победа. Надал во полуфиналето за противник го чека подобриот од второто…
Кошаркарите на Феникс ја победија Јута со 115:109 во најинтересниот синоќешен меч од НБА лигата. Со оваа победа, Феникс ја постигна седмата последователна победа и дојде до 37-та победа сезонава со што го израмни рекордот на франшизата за најдобар старт на сезоната. Девин Букер со 33 поени и Крис Пол со 27 поени ги предводеа „сонцата“ до новата победа. Кошаркарите на Кливленд го победија Њујорк со 95:93 и ја постигнаа седмата победа во последните осум натпревари. Чикаго беше подобар од Оклахома со 111:110, додека кошаркарите на Њу Орлеанс ја совладаа Индијана со 117:113.
Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати одлучил да не оди на операција поради повредата на бицепсната тетива на левата нога, пренесува „Мундо Депортиво“. Крилниот напаѓач го направил својот избор по состанокот со медицинскиот персонал на клубот во понеделникот, на кој присуствуваше и неговото семејство. Фати поради повредата на левото колено не сака повторно да оди на операција. На ист став се и клупските лекари. Каталонскиот весник „Спорт“ смета дека шпанскиот репрезентативец ќе се обиде со конзервативен третман, но во исто време побарал повеќе време за својата конечна одлука. Барса, пак, бара операција за да може 19-годишниот Фати целосно да се опорави…
Њукасл се приближува до договор за дефанзивецот на Севиља, Диего Карлос, откако упати понуда од над 30 милиони фунти за бразилскиот дефанзивец. Сепак, предлогот бил сличен на еден од ривалите во Премиер лигата и најверојатно двата ќе бидат одбиени. Се очекува шпанскиот тим да прифати понуда блиску до 40 милиони евра, за која првично рекоа дека би сакале да ја добијат за својот дефанзивец. 28-годишниот фудбалер ќе избере со кој клуб сака да потпише, но се верува дека засега договор нема.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек наскоро може да го напушти Олд Трафорд. Според „Мирор“, 24-годишниот Холанѓанец е баран од Њукасл, но играчот од средниот ред ја одбил понудата на „страчките“. Сега британското издание пишува дека за Ван де Бек се заинтересирани и Евертон и Вулверхемптон. Неодамна, пак, привремениот менаџер на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангник, изјави дека не сака да се раздели со Холанѓанецот на средината на сезоната.
Јирген Клоп фрлил око на талентот на Олимпик Лион, Рајан Черки. 18-годишниот играч за врска има одлична сезона за Лион во Лига 1, што го привлече вниманието на „црвените“, кои внимателно го следат неговиот развој. Черки игра како офанзивен играч за врска, а може да дејствува и зад напаѓачот и на двете крилни позиции. Тој е дете на Лион, а трета сезона е во првиот тим. 18-годишниот фудбалер има договор со Лион до јуни 2023 година.
Интер го загуби Хоакин Кореа за дербито со Милан. Репрезентативецот на Аргентина заработи повреда на натпреварот од Купот на Италија против Емполи, поради што во петокот беше подложен на опсежни лекарски прегледи. Офанзивниот играч ќе биде надвор од терените најмалку две недели. Тоа значи дека Кореја нема да биде во тимот за градското дерби со Милан, како и за денешниот меч со Венеција.
