Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, по победата над Тотенхем во полуфиналето на англискиот Лига куп, го коментираше фактот дека неговиот тим шеста сезона по ред ќе игра во финалето на еден од турнирите на стадионот „Вембли“. „Ова е големо достигнување и не треба да се срамиме да кажеме дека сакаме да стигнеме до финалето и да победиме. Сепак, не треба да бидеме премногу самоуверени и да очекуваме победи на секој турнир на кој учествуваме. Уживаме во можноста да играме за клуб со такви амбиции. Ова е долгорочен процес и мора постојано да работиме на себе“, изјави Тухел. Синоќа во реванш…
Author: saso
Менаџерот на англискиот Ливерпул, Јирген Клоп, го подрржа Мохамед Салах во преговорите со клубот за нов договор. „Знам дека Салах сака да остане во Ливерпул. И ние сакаме тој да остане. Но, овие работи бараат време. Мислам дека засега се е во ред. Прилично сум сигурен дека фановите не се толку нервозни како вие медиумите“, изјавил Клоп. Преговорите меѓу сопствениците на Ливерпул и агентот на Салах за нов договор започнаа пред почетокот на оваа сезона, но засега нема конкретен договор.
Актуелниот шампион на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ е ставен во ждрепката за турнирот во машка конкуренција оваа година, и покрај неговиот нејасен статус и можноста да му биде одземена визата по вторпат. Во Австралија сите се во очекување на одлуката на австралискиот министер за имиграција Алекс Хок. Тој треба да одлучи дали сам ќе ја искористи својата моќ за да му ја одземе визата на Ѓоковиќ. Ѓоковиќ не е вакциниран против КОВИД-19 и се обидува да учествува на Австралија опен со документација за медицинско изземање.
Македонските ракометари вчера пристигнаа во Дебрецин, каде веќе утре на премиерата на новото Европско првенство против Словенија ќе го одиграат и првиот меч на шампионатот. Веќе денеска на брифингот со новинарите селекторот Лазаров и дел од ракометарите зборуваа за очекувањата од првиот меч со Словенија. „Словенците се одлични, имаат неверојатни ракометари кои играат во големи екипи. Тоа е колектив предводен од добар селектор, со изградени играчи и Врањеш има задача да поработи само на ситни детали. Ние сме Македонија, знаеме како сме поставени и како функционираме. Нема да излеземе со бело знаме, иако имаме респект кон Словенија која е фаворит.…
Филипе Кутињо и официјално е преставен како ново засилување за екипата на Астон Вила. Бразилецот кој е некогашен фудбалер на Ливерпул дојде како позајмен во Бирмингем од екипата на Барселона до крајот на сезоната. Фудбалерот веќе вчера беше премовиран со новиот дрес со бројот 23 со кој ќе настапува во вториот дел од сезоната. Кутињо ќе може да дебитира за „Вила“ на натпреварот од 22. коло на англиската Премиер лига со Манчестер Јунајтед кој ќе се одигра на 15 јануари.
Репрезентацијата на Словенија имаше доста проблеми на подготовките, кога голманот Урбан Лесјак поради позитивен тест мораше да оди во самоизолација, но за среќа вирусот не се прошири меѓу останатите членови на тимот. Селекторот Љубомир Врањеш, во пресрет на дуелот со Македонија вели дека неговиот тим го постигна посакуваниот напредок, а радува и енергијата на момците. „И покрај напорните тренинзи, тие го задржаа фокусот. Ми се допаѓа ова што го гледам, напредокот е забележлив. Ме смирува. Во последниот дел од подготовките се фокусиравме на нашата игра. Една од нашите главни задачи беше да го подигнеме ниво на агресивност“, изјави Швеѓанецот на…
Првиот тениски рекет Новак Ѓоковиќ синоќа излезе со соопштение во кое ги објаснува своите активности, откако дознал дека е позитивен на корона вирусот, како и дека неговиот тим направил грешка при пополнувањето на патната декларација за Австралија. Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил напиша дека се обраќа поради „континуирани дезинформации за неговите активности и присуство на настани“. „Оваа дезинформација мора да се корегира, особено во интерес да се ублажат реакциите на јавноста за мојот престој во Австралија, како и да се разјаснат работите кои се штетни и загрижувачки за моето семејство“, напиша тој. „На 14 декември присуствував на кошаркарски натпревар во…
Авдил Салихи, боксерскиот менаџер кој пред неколку дена беше награден од Професионалната боксерска федерација на Македонија за менаџер и мечмејкер за 2021 година, оваа недела доби уште едно признание, но сега од Светската федерација за професионален бокс УБО, која му ја додели титулата “UBO Special Tribute of the Year 2021”. Претседателот на оваа федерација ја пофали работата на Салиху преку објава на нивната официјална веб-страница. „Оваа награда се доделува на личност кој оди понатаму за да постигне успех. 2021 година не беше како претходните години поради пандемијата, не е лесна година за успех во боксот. Но, Авдил Салиху од Македонија…
ЕХФ веќе ги одреди и судиите за премиерата на нашата репрезентација на ЕП во Унгарија. Утрешниот прв меч на шампионатот ќе го судар Австријците Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ. Вториот меч од групата меѓу Данска и Црна Црна ќе го суди судиска двојка од Романија, Бодан Старк и Ромео Стефан.
Лион ја зголеми понудата за напаѓачот на Зенит, Сердар Азмун. Според најновата понуда која стигнала во канцеларијата на рускиот клуб, Французите сега нудат 6 милиони евра, како и бонуси за потписот на Иранецот. Претходно беше објавено дека Јувентус покажува интерес за Азмун. Клубот од Санкт Петербург побара 20 милиони евра за напаѓачот. Со оглед во големата разлика во понудата и побарувачката, прашање е дали Русите ќе му дозволат на Азмун да ја промени средината оваа зима.
