Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е позитивен на коронавирусот, соопшти клубот. По позитивните тестови на Феран Торес и Педри, Лапорта прво беше тестиран со антигенски тест, кој даде негативен резултат, но подоцнежниот ПЦР тест сепак бил позитивен. Лапорта ги откажа планираните патувања во Линарес и Гранада и сега е во карантин. Претседателот на Барселона се чувствува добро и нема никакви симптоми.
Author: saso
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ утрово потврди дека ќе учествува на Австралија опен. Тој на својот Инстаграм профил објави фотографија од аеродром како се подготвува да замине за Австралија. „Среќна Нова Година на сите! Ви посакувам многу здравје, љубов, радост и среќа. Да гледате, дишете и размислувате љубов и да негувате почит кон секој човек и живо суштество на оваа прекрасна планета. Уживав што бев со моето семејство и драги луѓе, се одморив од многу долга и успешна сезона 2021. Сега се селам во Австралија бидејќи добив дозвола и подготвен сум да живеам и да дишам тенис во следните неколку…
Играчот од средниот ред Дони ван де Бек сака да остане во Манчестер Јунајтед. Во моментов 24-годишниот фудбалер нема намера да го напушти Јунајтед, пишува новинарот Џонатан Шрегер. Централниот играч за врска оваа сезона настапи на 12 натпревари на Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања и постигна 1 гол.
Челзи и официјално го потврди продолжувањето на договорот со дефанзивецот Тиаго Силва. Според новиот договор, Бразилецот ќе остане во Лондон до крајот на идната сезона, 2022/2023. „Вистинско задоволство е да се игра за Челзи. Никогаш не мислев дека ќе играм три години во овој прекрасен клуб, па затоа ми е многу мило што останам уште една сезона. Исто така, би сакал да им се заблагодарам на моето семејство, клубот и г-дин Абрамович за оваа можност. Ќе продолжам да давам се за овој клуб и за навивачите кои секогаш беа покрај мене откако дојдов“, изјавил Силва за обновувањето на договорот.
Иднината на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба останува неизвесна. Според Sky Sports, Французинот нема да преговара за преселба во нов клуб во текот на зимскиот преоден рок. Погба ќе донесе одлука за тоа каде ќе ја продолжи кариерата во текот следното лето. Актуелниот договор на 28-годишниот централен играч за врска со Манчестер Јунајтед истекува во јуни. Погба се повреди додека беше со француската репрезентација и подолго време е надвор од терените.
Ол-стар кошаркарот на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг, се очекува да го има своето деби оваа сезона во среда против Индијана. Ирвинг одби да се вакцинира и поради правилата на Њујорк, не може да игра на домашните натпревари за тимот на Бруклин. На почетокот на сезоната клубот реши да го отстрани Кајри од сите натпревари и тренинзи, но поради кадровски проблеми беше одлучено да го врати за да учествува на гостинските средби. Ирвинг пропушти 35 натпревари на Бруклин на почетокот на регуларниот дел од сезоната.
Српскиот напаѓач во дресот на Фиорентина, Душан Влаховиќ проговори за својата иднина. По сите шпекулации за тоа каде ќе замине на крајот на сезоната Влаховиќ вели: „Сега сум фокусиран на нови цели, но никогаш не кажувај никогаш. Веќе неколку пати одговорив на ова прашање. Добра фудбалска приказна е напишана и овде во Фиорентина. Имаме добар тим, одлични играчи, навивачите одлично не поддржуваат. Сето ова заслужува почит. Само Господ знае што ќе биде следно. Мојата желба е да ја однесам Фиорентина во некое европското натпреварување, бидејќи таму не сме играле долго време. Не знам што ќе се случи следно. Ќе видиме“,…
Ракометната селекција на Македонија вчера дојде до третата победа во подготовките за Европското првенство откако го совлада Израел во првиот од двата планирани меча со 31-28. За денеска е закажана и втората контрола во Скопје. По вчерашниот прв меч, селекторот Лазаров даде своја оценка на средбата и досегашниот дел од подготовките. “Искрено да ви кажам дека ме изненади Израел. Иако доста го анализиравме, гледавме доста материјали. Имаат квалитетни играчи, имаат систем. Имавме и слаби страни, имавме и добри страни. Првпат сме, така да кажам комплетни. Добро ни дојде што победивме, резултатот е позитивен. Имаме доста време да поправиме некои работи,…
Четворица фудбалери на ПСЖ, меѓу кои и аргентинската мега-ѕвезда Лионел Меси се заразиле со коронавирусот. Според информацијата од клубот, Лионел Меси, Хуан Бернат, Серхио Рико и Натан Битумазала имале позитивни тестови. Сите играчи се во самоизолација и ги почитуваат барањата на тековниот протокол. Оваа сезона Меси, кој минатото лето дојде во ПСЖ, одигра 11 натпревари за клубот во Лига 1, постигна 1 гол и даде 4 асистенции.
Ракометарот на ПСЖ и француски репрезентативец, Елоим Пранди бил избоден неколкупати за време на новогодишната ноќ во Париз. Според тамошните медиуми, младиот дефанзивец не е во животна опасност. Во нападот наводно учествувале неколку лица. Пранди е итно пренесен во болница и не е во животна опасност. Секако, селекторот Гијом Жил нема да може да смета на него за претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка. Покрај Пранди, од списокот поради повреди отпаднаа Лука Карабатиќ, Недим Ремили и Тимоти Енгесан. Уште неколку играчи се заразени со коронавирус од почетокот на подготовките за континенталното натпреварување.
