Раководството на „Формула 1“ и организаторите на трката во Лас Вегас ги продолжуваат преговорите за одржување на Големата награда на Лас Вегас во рамките на најпопуларното автомобилистичко натпреварување на планетата. Се претпоставува дека официјалното објавување на зделката би можело да се случи веќе во првата половина на оваа година.
Преговорите се забрзани во последните месеци и страните сега разговараат за логистички прашања, Формула 1 која ќе биде домаќин на две трки во САД почнувајќи од оваа година, со додавање на Големата награда на Мајами и веќе постоечката во Остин, може да има и трет престој во САД, овој пат во Невада.
Постои можност Големата награда на Лас Вегас да се појави на календарот на Формула 1 веќе во 2023 година, иако изворите велат дека најреална е 2024 година.