Кошаркарите на Јута синоќа на домашен терен го совладаа Денвер со 108:104 и со тоа ја прекинаа серијата од пет последователни порази во НБА лигата. Во тимот од Солт Лејк Сити најефикасен беше Трент Форест со 18 поени и осум асистенции, поен помалку додаде Мајк Конли, додека најдобар учинок кај Денвер имаше Брин Форбс со 26 поени. Гостите беа без Никола Јокиќ поради повреда на палецот.
Оклахома го победи Далас на гости по продолжение со 120:114. Лугенц Дорт постигна 30 поени кај гостите, од кои 14 во продолжението. Во тимот на Далас до дабл-дабл учинок стигна Лука Дончиќ со 40 поени и 10 асистенции.
Индијана – Орландо – 118:119
Филаделфија – Вашингтон – 103:106
Бостон – Шарлот – 113:107
Њујорк – Мемфис – 108:120
Хјустон – Кливленд – 115:104
Далас – Оклахома – 114:120 (пр.)
Сакраменто – Бруклин – 112:101
Јута – Денвер – 108:104
ЛА Лејкерс – Портланд – 99:94