Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами конечно ја додаде титулата олимписка шампионка во својата импресивна спортска биографија. Утрово на патеката „Рок“ во Јанкинг таа славеше на Супер-Џи трката во женска конкуренција во која е и актуелна светска шампионка.
30-годишната Швајцарка триумфираше со време од 1:13.51 минути што се покажа недостижно за силе останати конкурентки. Сребрениот медал и припадна на 29-годишната Австријка Миријам Пухнер, додека бронзена беше нејзината сонародничка Мишел Гисин.