Австриецот Матијас Мајер ја одбрани својата олимписка титула во супервелеслалом, откако утрово беше најдобар и на патеката Јанкинг на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Тој славеше со четири стотинки предност пред сребрениот Американец Рајан Кокран-Сигл и 42 стотинки пред бронзениот Норвежанец Александар Омод Килде.
Со оваа победа Мајер стана третиот алпски скијач во историјата кој освоил злато на три различни ЗОИ.