Чехшаката скијачка Естер Ледецка победи на спустот во женска конкуренција во швајцарска Кран-Монтана.
За 26-годишната Ледецка, која на почетокот на месецов ја освои олимписката титула во паралелен велеслалом во сноуборд, ја обезбеди првата победа сезонава во Светскиот куп во алпско скијање и трета во кариерата.
Таа беше за 21 стотинка побрза пред Норвежанката Рагнхилд Мовинкел, која заврши втора, и Австријката Корнелија Хитер беше трета на подиумот.