Каратистите од Русија и Белорусија добија забрана за учество на турнири под покровителство на Светската карате федерација. Причината е воениот конфликт во Украина, а по кој скоро сите светски спортски федерации го послушаа советот на ИОК за суспензија на руските и белоруските спортисти.
„Нашето семејство е обединето и солидарно со сите погодени од овие страшни настани. Нашата цел е да ја заштитиме нашата заедница додека ги зачувуваме вредностите на почит, интегритет и чест“, рече Антонио Еспиноз.