Ѕвездата на Бруклин Нетс, Кевин Дурент, по слабото издание на тимот и синоќешниот пораз кај Бостон Селтикс изјави дека се уште верува во тимот. Бруклин загуби 17 од последните 20 натпревари и се најде на 9. место на табелата во конференцијата.
„Загриженост, возбуда, овие зборови сега лесно се кажуваат. Лесно е да се изрази вознемиреност и грижа, лесно е да се лутиш и нервираш. Прилично е лесно да се падне во сето ова. Можеме да почнеме да покажуваме еден на друг, да се обвинуваме, да се расправаме за резултатите или само да играме. Наскоро ќе има уште еден натпревар. До крајот на регуларниот дел има уште 17 натпревари, ќе видиме како ќе ги одиграме. Мора да размислуваме за секој конкретен натпревар. Верувам во овој тим“, изјави Дурент.