Руската штафета 4х10 километри победи на денешната трка во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Пекинг. Русите имаа извонредна трка уште од првата промена, каде Алексеј Червоткин создаде предност од 12 секунди, а Александар Бољшунов, кој го освои второто злато во Пекинг, само ја зголеми таа предност во втората замена.
Во последната замена Русинот Сергеј Устиугов влезе со преку 50 секунди пред Норвежанецот Јоханес Клаеб и на крајот ја одржа предноста за руско злато. Норвежаните завршија како втори, додека бронзата им припадна на Французите.