Норвешката биатлонка Марта Олсбу Ројзеланд во четвртиот настап на Зимските олимписки игри стигна до четвртиот медал, а третото злато со убедливата победа на трката на 10 километри.
Олимписката победничка во спринт, со уште една одлична тркачка и стрелачка изведба, ги остави натпреварувачките без изгледи во борбата за третото злато, а вкупно шести олимписки медал за неа.
Елвира Оеберг успеа да го одбрани среброто од спринтот, а заостана една минута и 36,5 секунди зад победничката. Драматична беше битката за бронзата, која до последниот километар убедливо ја држеше Норвежанката Ингрид Тандреволд, а потоа доживеа физички колапс и едвај стигна до целта, но само како 14-та во генералниот пласман. Ова најдобро го искористи нејзината сонародничка Тирил Екхоф и додаде бронза на златото во мешаната штафета, нејзин трет индивидуален олимписки медал.