Русија го освои екипното злато во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг, а Камила Валиева е првата жена што направи четирикратен скок на олимпиското натпреварување.
Русите триумфираа пред големите конкуренти од САД кои на крајот го освоија среброто. Третото место и бронзените недали отидоа на градите на натпреварувачите од Јапонија.
Русите го обезбедија златото уште пред слободна програма за жени, но 15-годишната сензација Валиева го одбележа натпреварувањето со голем стил. Таа направи два четирикратни скока пред да падне во третото изведување, но сепак го освои првото место со резултат 178,92 пред Јапонката Каори Сакамото (148,66) и третопласираната Канаѓанка Медлин Шизас.