Олимписката шампионка од Сочи 2014, Микаела Шифрин, победи во ноќниот слалом од Светскиот куп во алпско скијање во австрискиот зимски центар Шладминг.
Освојувачката на Големиот кристален глобус од минатата сезона, Петра Влхова, заврши на второто место, а тоа беше доволно за да го освои малиот кристален глобус во Светскиот куп во слалом на две трки пред крајот на сезоната.
26-годишната Шифрин, триумфираше со вкупно време од 1:32,66 минути, со што ја забележа 73. победа во кариерата за Светски куп и рекордна 47. во слалом. Со ова Шифрин по бројот на победи во една дисциплина го престигна легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк кој има 46 успеси во велеслалом.
