Author: saso

Лацио ќе бара нов голман во текот на зимскиот преоден рок. Според весникот „Република“ главниот тренер на тимот Маурицио Сари се фокусирал главно на де имиња: Алекс Мерет и Кепа Аризабалага. Мерет не може да се бори за стартно место во Наполи во конкуренција на Давид Оспина, а Кепа е резерва во Челзи откако тимот го купи Едуард Менди. Сари одлично го познава Кепа од нивната заедничка работа на „Стемфорд Бриџ“ и е подготвен да го донесе во Лацио.

Read More

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Лукас Тореира наскоро ќе стане сопственост на „виолетовите“. Тој игра на „Артемио Франки“ како позајмен од Арсенал, но со своите игри ги убеди „виолетовите“ да го задржат. Во договорот меѓу двата клуба постои опција за откуп и Фиорентина ќе ја искористи. Клубот има подготвено договор за Уругваецот до 2027 година кој ќе добива плата од 3 милиони евра по сезона.

Read More

Барселона прави се за да го донесе Феран Торес како ново засилување во јануари. Преговорите со Манчестер Сити за шпанскиот репрезентативец се во напредна фаза, но двете страни имаат значителни финансиски разлики. Каталонците се подготвени да платат 50 милиони евра за поранешниот играч на Валенсија, но „граѓаните“ инсистираат да добијат 60 милиони. Самиот играч сака да се пресели на „Камп Ноу“ и  ги договорил личните услови.

Read More

Фенербахче остана без тренер откако Витор Переира доби отказ. Договорот на португалскиот стручњак беше раскинат поради лошите резултати од почетокот на сезоната. За 53-годишниот Переира ова беше втор период на кормилото на „фенер“ по оној меѓу 2015 и 2016 година. Турскиот гигант е на 5. место во турскиот шампионат со 14 бода зад лидерот Трабзонспор.

Read More

Артуро Видал во јануарскиот преоден рок би можел да го напушти Интер. Чилеанскиот играч од средниот ред се смета за важен елемент во тимот на Симоне Инзаги, но секогаш е на клупата. Тоа веројатно е причина за негово незадоволство. Затоа Видал сериозно размислува за заминување во јануари и засега имал понуда од Антонио Конте, за да му се придружи во Тотенхем во Премиер лигата, лига во која Чилеанецот досега не се обидел да заигра.

Read More

Барселона очигледно нема да може да го продаде дефанзивецот Самуел Умтити, бидејќи нема интерес од други клубови. Освојувачот на Светското првенство со Франција има 133 настапи за Каталонците во текот на пет и пол години на „Камп Ноу“. Сепак, Французинот го одигра својот прв натпревар во 2021 година на 12 декември, бидејќи беше повреден или не беше дел од плановите на тренерите, Роналд Куман и сега Чави. И покрај тоа што централниот дефанзивец си ја намали платата, „Спорт“ пренесува дека клупските челници не успеваат да најдат клуб кој сака да го купи.

Read More

Откако вчера победи на спустот во француското одморалиште Вал д’Изер, денеска Софија Гоџа беше најдобра и во супервелеслаломот од Светскиот куп. Гоџа триумфираше со време од 1:19.23 минути и ја обезбеди својата петта победа од почетокот на сезоната. Мовинкел од Норвешка изненадувачки заврши втора со 33 стотинки зад Италијанката, а втората претставничка на Италија, Елена Куртони се искачи како трета на подиумот.

Read More

Акционерите во англиската Премиер лига најавија вонреден состанок во понеделник за да разговараат за можна пауза во лигата за време на празниците поради зголемениот број на заразени со Ковид-19. Половина од натпреварите во ова викенд коло во Премиер лигата се веќе одложени. Менаџерот на Брентфорд, Томас Франк ја бранеше одлуката, дури и предложи Лигата да објави целосна пауза. Според „Тајмс“, челниците на премиерлигашите ќе разговараат за евентуалниот прекин на сите натпревари само еден ден откако објавија дека ќе се придржуваат до претходно објавениот распоред.

Read More

Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами, која викендов беше рангирана меѓу фаворитите на трките од Светскиот куп во Вал д’Изер, отпадна од натпреварувањето откако имаше позитивен тест за Ковид-19. Двократната светска шампионка во Супер-Џи и велеслалом и двајца членови на тимот имале „благи симптоми на грип“ и се вратија во Швајцарија. „Лара Гут-Бехрами ќе биде ставена во карантин и ќе ги пропушти натпреварите во Вал д’Изер и Куршевел за една недела“, соопшти тимот.

Read More

Единсон Кавани, пак, е многу блиску до заминување од Манчестер Јунајтед во јануарскиот преоден рок. 34-годишниот Уругваец решил да ја прифати понудата на Барселона. Кавани сака во јануари да потпише договор со каталонскиот клуб кој најверојатно ќе биде во важност од само 6 месеци и ќе трае до крајот на сезоната. Забележано е дека Кавани имал понуда од Бока Јуниорс, но Уругваецот ја одбил во корист на Барса. Единсон има 1 гол на 5 натпревари во Премиер лигата оваа сезона.

Read More