НБА лигата не планира да го прекине регуларниот дел од сезоната поради зголемените случаи на коронавирус, изјави комесарот на лигата Адам Силвер.
Во декември, повеќе од 100 играчи и вработени во клубовитеви беа вклучени во протоколот за Ковид-19. НБА одложи седум натпревари поради појава на коронавирус во тимовите, но тоа нема да ја прекине сезоната.
„Засега нема планови за паузирање на сезоната. Ние, се разбира, ги разгледавме сите опции, но нема логиката во евентуален прекин на сезоната во моментов. Треба да научиме да живееме со тоа“, изјави Силвер.

