Натпреварот меѓу Тотенхем и Рен од групата „Г“ во Лигата на конференциите, кој требаше да се одигра вечерва, официјално е одложен. Причината за ова се многуте позитивни случаи на КОВИД-19 во тимот на Спарс. УЕФА вчера првично излезе со став дека средбата ќе се игра според планот. Малку подоцна попладне, менаџерот на лондончани Антонио Конте на својата прес-конференција изјави дека „сите во тимот се исплашени“ затоа што секој ден се заразуваат нови членови на персоналот и играчите. На крајот Тотенхем реши да го откаже натпреварот. Засега се уште нема информации кога средбата ќе биде презакажана.
Author: saso
Германскиот судија Феликс Брих утре ќе ја заврши својата меѓународна судиска кариера. Тој по рекорден 70-ти пат ќе ја дели правдата во Лигата на шампионите на дуелот од 6. коло од групната фаза што ќе го одиграат Реал Мадрид и Интер. 46-годишниот Брих, сепак, нема да заврши со својата судиска работа, затоа што ќе продолжи да суди во Германија.
Француски Ст. Етјен на својата официјална веб-страница го објави заминувањето на тренерот на тимот, Клод Пуел. Вчера Сент Етјен загуби од Рен на домашен терен со катастрофални 5:0, што беше причина управата веднаш да му врачи отказ на Пуел. Овој пораз беше трет по ред за тимот, со гол-разлика 1:9. Ст. Етјен е последен во француската Лига 1 со 12 бода од 17 натпревари. Клод Пуел го презеде тимот во октомври 2019 година, а под негово водство пред две сезони клубот стигна до финалето на Купот на Франција.
Играчот од средниот ред на италијански Наполи, Фабијан Руиз, е интересен за англиски Ливерпул. 25-годишниот шпански играч за врска за шефовите на Ливерпул е совршена аквизиција за засилување на средниот ред. И самиот фудбалер е подготвен да го направи следниот чекор во кариерата, а трансферот може да се реализира во летото 2022 година. Руиз игра за Наполи од 2018 година, кога дојде во Италија од Бетис. Договорот на Руиз истекува во 2023 година.
Претставници на Интер и агентот на играчот од средниот ред Марсело Брозовиќ, оваа недела ќе се сретнат за да ги завршат преговорите за продолжување на договорот на хрватскиот фудбалер. Италијанскиот клуб сака да го задржи 29-годишниот играч од средниот ред, па за таа цел е подготвен да му плати 6 милиони евра по сезона. Средбата меѓу двете страни треба да се одржи на крајот на неделата. Брозовиќ за Интер настапува од јануари 2015 година и самиот изјави дека би сакал да продолжи со престојот во Милано иако договорот му истекува на крајот на сезоната.
Велшкиот напаѓач во дресот на Реал Мадрид, Герет Бејл се врати на тренинзите. Играчот може да биде дел од тимот на Анчелоти на натпреварот од 6. коло од Лигата на шампионите со Интер, кој ќе се одигра утре. Според изворот, Бејл на вчерашната сесија тренирал со комплетната група на Реал Мадрид. Во меѓувреме, Даниел Себаљос почна со индивидуални тренинзи. Голема е веројатноста, првиот напаѓач на тимот, Карим Бензема, да го пропушти овој натпревар поради повреда.
Италијанката Софија Гоџа е победничка на првиот спуст во новата сезона на Светскиот куп, а до него стигна со импресивно возење на патеката во Лејк Луиз, каде ја надмина второпласираната Американка Бризи Џонсон за речиси секунда и половина (+1,47). За 29-годишната Италијанка, која минатата сезона го освои Малиот кристален глобус во спуст, ова беше победнички кам-бек по повредата што ја принуди да го пропушти Светското првенство во Кортина д’Ампецо. Норвешкиот скијач Александар Амод Килдем пак, победи на вториот супервелеслалом во новата сезона на Светскиот куп во алпско скијање кој синоќа се возеше во Бивер Крик. Килд стигна до својата седма…
Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, е под знак прашалник за настап на дебито на Ралф Рангник како менаџер на „црвените ѓаволи“ во недела на дуелот со Кристал Палас. Извори од Јунајтед тврдат дека тој најверојатно се повредил при прославата на голот од пенал против Арсенал во четвртокот. „Секогаш треба да го приспособиш својот стил на играч како Кристијано, тој е неверојатен, врвен професионалец. Никогаш во неговите години не сум видел играч со таква физичка форма. Мораме да го развиеме целиот тим, не само него. Играме во најсилното првенство во светот и сите негови соиграчи ќе мора да го сторат…
Рома, Лацио и Интер се заинтересирани за голманот на Барселона, Нето и ќе се обидат да го добијат следното лето. Според медиумите во Шпанија, бразилскиот чувар на мрежата на Каталонците сака да го напушти „Камп Ноу“ по завршувањето на сезоната. Нето се пресели во Барселона во јуни 2019 година, но никогаш не успеа да освои стартно место во тимот на „каталонците“ и беше користен главно како резерва на Марк-Андре тер Штеген.
Американската пливачка Келси Далија го урна светскиот рекорд на 100 метри пеперутка во 25 метарски базени. Таа во финалето на ИСЛ лигата постави време од 54.59 секунди, што беше за само две стоти делови од секундата подобро од досегашниот рекорд на легендарната шведска пливачка, Сара Сјестрем кој беше активен од 2014 година.
