Author: saso

Доделувањето на „Златната Топка“ на Меси синоќа предизвика големи полемики на социјалните мрежи за тоа дали е оправдана. Легендарниот напаѓач на Рома и на италијанската репрезентација Франческо Тоти изрази мислење дека напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски, ја заслужил „Златната топка“ оваа година. „Навикнати сме Златната топка да ја добиваат Меси или Роналдо. Но, оваа година наградата требаше да ја добие Левандовски“, изјавил Тоти.

Read More

Лео Меси синоќа по седмипат во кариерата ја освои наградата на „Франс Фудбал“ за најдобар фудбалер во годината. „Златната топка“ повторно заврши во рацете на Аргентинецот, кој не го криеше задоволството од признанието. „Иако секогаш давав приоритет на тимските достигнувања, не можам да ја сокријам радоста што добив уште една ’Златна топка’. Сакам да ви се заблагодарам и да им оддадам почит на сите мои соиграчи во Аргентина за прекрасната година што ја поминавме. Им благодарам и на моите поранешни партнери од Барселона и сегашните партнери на ПСЖ. И, секако, голема благодарност до моето семејство и пријателите, како и до…

Read More

Денеска во специјализираната емисија „60 минути на тема…“ зборувавме за ждрепката за баражите за СП 2022. Гости во програмата на Спортското радио 90.3 фм беа генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски, капитенот на нашата фудбалска репрезентација Стефан Ристовски, нашиот репрезентативец Тихомир Костадинов и поранешниот селектор, Мирсај Јонуз. Костадинов и Ристовски имаат слични размислувања и желби околу можните противници. „Фудбалски гледано, сите сакаме да ги избегнеме Португалија и Италија. Од друга страна, како фудбалери, сите сонуваме да играме против такви гиганти. Секако, не би рекол дека ги посакувам за противници во овој бараж, би сакал да ги избегнеме во првиот меч,…

Read More

Актуелниот светски кошаркарски првак Шпанија вечерва ќе биде голем предизвик за македонската репрезентација на стартот од вториот дел од циклусот квалификации за СП 2023. Во рамките на првиот натпревар од ноемврискиот прозорец од групата Г, вечерва во 19.30 часот Македонија ја пречекува Шпанија во СЦ „Јане Сандански“ во обид да направи сензација. Без Лејсон Зекири кој не се јави на повикот, Љубомир Младеновски кој има проблеми со вирус, Стојан Ѓуроски кој има болки во мускулот, а ги нема ниту Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ и Андреј Јакимовски, Македонија ќе има исклучително тешка задача за успех. Сепак, и селекторот и кошаркарите најавија…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација попладнево во 17 часот во Цирих ќе го дознае противникот во првиот од двата клучни бараж дуели на патот до Мундијалот во Катар. Македонија на оваа ждрепка ќе биде во групата на неносители, при што во групата од 6 селекции како можни наши ривали имаме неколку фудбалски гиганти како Португалија и Италија. Италија, Португалија, Шведска, Русија, Шкотска и Велс се потенцијалните ривали на Македонија во мундијалските баражи со три „фајнлфор“ турнири преку кои ќе се добијат трите последни европски патници на најголемиот светски собир. Носителите ќе бидат домаќини на полуфиналињата, а со ждрепка ќе се решава кој…

Read More

Актуелниот тренер на Милан, Стефано Пиоли денеска ќе потпише нов договор со клубот, објави новинарот Николо Шира на својот Твитер профил. Според него, зделката е веќе завршена. Пиоли ќе го продолжи договорот со клубот до 2023 година со опција за ре-продолжување до 2024 година. Тој во иднина ќе добива плата во висина од 3 милиони евра годишно, плус бонуси. Пиоли го презеде клубот во октомври 2019 година, заменувајќи го Марко Џампаоло на оваа позиција. Во јули 2020 година, тој беше блиску до отказ, а неговото требаше да го заземе Ралф Рангник, кој сега стана шеф за спорт и развој на…

Read More

Тимот на Ривер Плата ја освои титулата во Аргентина по 36-ти пат во својата историја. Ова стана јасно на три кола пред крајот на сезоната по победата која синоќа Ривер ја обезбеди над екипата на Расинг од 4:0. Ривер Плата има предност од 12 бода пред Дефенса и Јустиција, која и математички не може да го стигне новиот првак. Тимот предводен од Марсело Гаљардо сега ја зголеми предноста по бројот на освоени титули во однос на големиот ривал Бока Јуниорс, кој остана на 34 трофеи. Ривер Плата последен пат ја освои шампионската титула во 2014 година.

Read More

Претставници на ПСЖ се сретнале со поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, на која разговарале за можното назначување на Французинот за тренер на парижани. Според весникот „Марка“, од страната на ПСЖ на состанокот присуствувале спортскиот директор Леонардо и Жан-Клод Блан, генералниот директор на клубот. Во текот на преговорите била предложена опција со која Зидан ќе ја преземе тренерската функција во летото 2022 година. Претходно беше објавено дека Маурисио Покетино сака да го напушти ПСЖ поради несогласувања со спортскиот директор Леонардо, како и поради немањето можност да донесува самостојни одлуки.

Read More

Лондонски Челзи планира да потпише нов договор со бразилскиот дефанзивец Тиаго Силва. Лондончани сакаат да потпишат договор со дефанзивецот на уште една година. Силва му се приклучи на Челзи од ПСЖ на 28 август 2020 година како слободен агент. За клубот од Лондон Бразилецот досега одигра 48 натпревари, постигна 3 гола и имаше една асистенција. Во тековната сезона фудбалерот одигра 14 натпревари и постигна еден гол.

Read More

ФК Вардар е еден од најголемите амбасадори на македонскиот спорт. По турбулентниот период и испаѓањето во Втората лига, „црвено-црните“ полека се обидуваат да ја стабилизираат ситуацијата и играчки, и стратешки, но и финансиски. Новиот сопственик на клубот, Слободан Крстевски, денеска беше еден од гостите во емисијата „60 минути на тема…“ и зборуваше за моменталната ситуација во клубот. „Ова превземање на Вардар е голем чекор и за мене и за мојот тим. Се нафативме од љубов кон Вардар, кон фудбалот, затоа што гледаме просперитет и успешна приказна во клубот. Со многу работа и голема посветеност можеме да постигнеме големи успеси. Се…

Read More