Author: saso

Менаџерите на Ливерпул, Јирген Клоп и на Арсенал, Микел Артета остануваат во добри односи, иако влегоа во многу жестока расправија крај гол-линијата на мечот меѓу двата тима одигран вчера. При резултат 0:0 на „Енфилд“, крилниот напаѓач на „црвените“ Садио Мане влезе во жесток дуел со дефанзивецот на „топчиите“ Томиасу, што предизвика лута реакција кај Артета, а од своја страна и Клоп скокна од клупата за да го заштити својот играч. На крајот двајцата тренери добија жолти картони, а Мане подоцна го отвори резултатот за убедлива победа на Ливерпул од 4:0. „Немав план да се случи тоа. Садио скокна на висока…

Read More

Петтемина невакцинирани играчи на Баерн Џошуа Кимих, Џамал ​​Мусиала, Ерик Максим Чупо-Мотинг, Серж Гнабри и Микаел Кузанс, биле викнати на специјален состанок во клубот. Шефовите на Баварците се исплашени од ситуацијата во клубот, затоа што има се повеќе заразени играчи. На играчите кои беа ставени во карантин, им било кажано дека нема да добијат плата за деновите додека се во изолација. За Кимих тоа значи дека ќе загуби 768.000 евра бидејќи сега и тој е во карантин. Шефовите истакнаа дека ги разбираат желбите на играчите и не можат да ги обврзат да се вакцинираат, но велат дека имаат право да…

Read More

Шпанскиот вицешампион Реал Мадрид ќе се раздели со четворица играчи кои од различни причини речиси и не играле во досегашниот дел од сезоната. Според шпанските медиуми, Реал со задоволство би се разделил со Герет Бејл, Еден Азар, Иско и Марсело, доколку има клубови заинтересирани да ги замат во зимскиот преоден рок. Иско одигра само 166 минути во шест натпревари во Примера во досегашниот дел од сезоната. Марсело има запишано вкупно 89 минути во првенството, а Бејл, пак, поради повреди не учествуваше на натпреварите во август, додека од „Сантијаго Бернабеу“ сметаат дека Азар треба да си ја проба среќата на друго…

Read More

Аргентинската суперѕвезда Лионел Меси го постигна својот прв гол за ПСЖ во Лига 1. Легендата на Барселона погоди во негов типичен стил со одмерен удар од работ на шеснаесетникот, кој го постигна третиот гол за парижаните во победата на домашен терен над Нант.

Read More

По серијата од три порази во елитното клупско натпреварување,  ракометарите на Вардар денеска во Сегедин се надеваат на прекин на црната серија. ПИК Сегед е фаворит, но „црвено-црните“ секогаш играле добро на гостувањата во Унгарија. Составот предводен од Хуан Карлос Пастор е актуелен шампион на Унгарија и моментно е на врвот на табелата во унгарското првенство. Пик Сегед е на четвртото место во групата „А“ со осум бода и само еден пораз. Вардар влезе во лоша серија која не успеа да ја прекине на минатиот домашен меч со Кил. „Ќе биде интересно да видиме како ќе се одвиваат двата натпревара.…

Read More

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, по завршувањето на квалификациите за СП 2022 и пласманот на Македонија во бараж натпреварите, даде интервју за хрватски „Спортске новине“ во кое зборуваше за напредокот на нашата репрезентација и пласманот во баражите за СП 2022. „Македонија претходно никогаш е била во ситуација да се бори за учества на европски или светски првенства. Обично во групите во кои игравме собиравме по 6-7 бодови. Но во последно време се се промени. Имаме профил на игрчи кои скаат да напредуваат, кои сакаат големи работи и остварување на големи цели. Успеавме да се пласираме на Европско првенство,…

Read More

Премиерот на државата Викторија потврди дека Австралија Опен ќе може да се одржи пред полни трибини во Мелбурн од 17 до 30 јануари следната година. Со оваа најава, првиот Грен Слем за новата година полека ќе се врати во нормала. „Благодарение на вакцинацијата на 90% од жителите на Викторија, повеќето ограничувања, речиси сите, ќе можат да исчезнат“, потврди Даниел Ендрјус. Според најавата, Мелбурн Парк на почетокот на годината ќе може да прими околу 60.000 гледачи.

Read More

Дефанзивецот на Атлетико (М), Киран Трипие, може да се врати во Премиер лигата, каде што претходно настапуваше за Тотенхем. 31-годишниот Англичанец е интересен не само за Њукасл, туку и за Манчестер Јунајтед, тврди новинарот Николо Шира. Според изворот, преговорите меѓу „црвените ѓаволи“ и агентот на Трипие се во напредна фаза. Самиот фудбалер сака да се врати во Премиер лигата и Јунајтед веројатно е прв негов избор. Договорот на дефанзивецот со мадридскиот клуб е до јуни 2023 година.

Read More

Играчот од средниот ред на Баерн (М), Корентин Толисо најверојатно нема да го продолжи договорот со баварците и најверојатно ќе го напушти клубот како слободен играч на крајот од сезоната. Агентите на 27-годишниот Французин им понудиле на Тотенхем и Интер да го ангажираат во текот на летото, но засега нема конкретен одговор.

Read More

Поранешниот тренер на Гуангжу Сити и Феенорд, Џовани ван Бронкхорст е блиску до преземање на Ренџерс. 46-годишниот Холанѓанец претходно како играч настапуваше за клубот од Глазгов. Ван Бронкхорст ќе го замени Стивен Џерард, кој неодамна стана главен тренер на Астон Вила.

Read More