Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, победи на трката за Големата награда на Катар.Светскиот шампион заврши пред Макс Верстапен и сега разликата во генералниот пласман е само 8 бода.
На подиумот денеска се искачи и поранешниот шампион Фернандо Алонсо. Тоа е него е прв подиум оваа година и прв од 2014 година.
Хамилтон добро ја започна трката, безбедно поведе тргнувајќи од пол-позицијата, додека Макс Верстапен веднаш успеа да ја надополни загубата по казната од пет места која ја доби пред самата трка денеска.