Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш не го криеше разочарувањето по поразот со 0:2 од Манчестер Сити во Премиер лигата. „Треба да зборуваме помалку, а да правиме повеќе. Ова важи и за мене. Треба да се промениме, бидејќи ова веќе ни се случува многу, многу пати. Тоа што го направивме не беше доволно. Ако сакаме да бидеме рамноправни со нив, мора да направиме повеќе. Сега покажаа дека не сме на исто ниво. Секој треба да се погледнеме себеси. Затоа е добро да се погледнеме во огледало и да видиме што правиме погрешно“, вели Португалецот.
Author: saso
Младата ѕвезда на Барселона Ансу Фати заработи уште една повреда, откако беше принуден предвреме да го напушти теренот за време на натпреварот со Селта вчера во Примера. Фати заработи повреда на препоните, што ќе биде огромен удар за новиот тренер на Барса, Чави Ернандез и шпанската репрезентација, која потврди дека 19-годишниот фудбалер нема да биде дел од „Црвената фурија“ за преостанатитеквалификациски дуели за СП 2022.
Навивачите на Баерн Минхен протестираа против газдите на клубот, кои имаат бизнис со Катар за време на саботниот натпревар од Бундеслигата против Фрајбург. „Ние чистиме сè за пари“, пишуваше на транспарентот на кој се прикажани Оливер Кан и претседателот Херберт Хајнер до машина за перење што ја чисти облеката извалкана со крв. Кан држеше куфер со пари во раката со зборовите „Можете да сметате на нас“. Навивачите на Баерн со години протестираат против односите на клубот со домаќините на Светското првенство во 2022 година, кои беа критикувани од групите за човекови права поради нивниот однос кон работниците мигранти.
Турскиот гигант Галатасарај побара од УЕФА да му ги додели бодовите од мечот со Локомотив (Москва) од четвртото коло од групната фаза на Лигата на Европа. Средбата која се одигра во четвртокот заврши без победник, 1:1, но Турците сметаат дека се повредени фудбалските правила, откако судијата му додели два жолти картони на рускиот фудбалер Живогљадов, но не го исклучи. Галатасарај има намера да ја оспори одлуката и инсистира Локомотив да добие службен пораз.
Норвич го отпушти менаџерот Даниел Фарке, објави уште синоќа клубот од Премиер лигата. Веста доаѓа неколку часа по првата победа на тимот од 2-1 сезонава против Брентфорд. „Продолжувајќи да го бараме најдоброто за нашиот фудбалски клуб, оваа одлука не беше лесна“, рече спортскиот директор на Норвич, Стјуарт Вебер. „Знам колку беа решени Даниел и неговиот тим да успеат на ова ниво, но мислиме дека сега е вистинско време за промена за да си ја дадеме најдобрата можност да го задржиме нашиот статус во Премиер лигата“, додаде тој.
Поранешната ѕвезда на Милан, Андриј Шевченко треба да го замени Давиде Балардини, кој е под притисок поради лошите резултати на Џенова и најверојатно ќе добие отказ. Џенова по 12 одиграни натпревари има само 9 бодови и раководството на клубот ќе го отпушти Балардини. Одлуката е донесена по синоќешното гостување кај Емполи кое заврши 2:2. Шевченко ја водеше Украина до четвртфиналето на ЕП 2020, но потоа поднесе оставка. Џенова на легендарниот поранешен напаѓач ќе му понуди договор на 2 години.
Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп призна дека по неговото заминување на кормилото на „галските петли“ сака да почне клупска работа. „Сакам да имам живот и по Франција“, изјави поранешниот тренер на Монако, Јувентус и Олимпик Марсеј, чиј договор со националната федерација истекува во 2022 година. „Искрено, не знам кој, но знам дека ќе биде и убаво. Секогаш постои можност да се вратам во клуб. Тоа е повеќе потреба што ја чувствувам за мојата глава и тело, да го кревам адреналинот. Денес ретко сум на теренот и не се чувствувам така“, изјави тренерот.
Новиот тренер на Барселона Чави испрати порака до симпатизерите на тимот. Легендарниот играч за врска на Каталонците во понеделник официјално ќе биде претставен пред навивачите на „Камп Ноу“, по што ќе одржи прес-конференција. „Почитувани поддржувачи, се враќам дома. Се враќам на местото каде што пораснав. Се враќам во клубот на мојот живот. Немам зборови да ги опишам емоциите што ги чувствувам од можноста да ја одбранам честа на овој амблем, кој е во моето срце. Ќе можам повторно да ги почувствувам вибрациите на Камп Ноу и да ги слушнам скандирањата на големите навивачи на овој клуб“, напиша Чави на Инстаграм.
Шампионот на УС Опен, Русинот Данил Медведев., по синоќешниот пласман во полуфиналето на Мастерсот во Париз, ја коментираше борбата со Новак Ѓоковиќ за лидерското место на АТП листата на крајот од сезоната. „Не размислувам за тоа. Ако го освоев Индијан Велс, можеби ќе бев таму. Со голема веројатност Новак ќе остане прв. Тој повеќе размислува за тоа. Можеби затоа дојде овде“. Како и Медведев и Србинот стигна и до полуфиналето во Париз и оваа недела си гарантира останување на првата позиција на АТП листата.
По вчерашниот пораз од 32-25, македонската ракометна репрезентација денеск аво Каиро ќе го одигра и вториот пријателски меч со Египет во рамкиите на ЕХФ неделата. И втората средба се игра во истиот термин, во 17 часот. Избраниците на Кирил Лазаров вчера одиграа одлични 40. минути против тимот на Роберто Парондо, но во завршницата имаа пад, кој на крајот се претвори и во убедлив пораз. Овие дуели за четата на Лазаров се и генерална проверка на тимот во очи на Европското првенство следната година. Македонија на ЕП 2022 ќе игра против Словенија, Црна Гора и Данска.
