Кошаркарите на Мајами Хит го совладаа Далас со 125:110 со еден од најинтересните натпревари синоќа во НБА лигата. Ова беше прв пораз за Далас на домашен терен оваа сезона. На домаќините не им помогна ниту овогодинешниот шутерски рекорд на Дончиќ, откако мечот го заврши со 33 поени.
Кај Далас синоќа потфрли резервната клупа, која постигна само 19 поени. Хиро со 25 и Батлер со 23 поени го предводеа Мајами до шестата победа од почетокот на сезоната.
Предводени од Леброн Џејмс, ЛА Лејкерс победија дома со Хјустон тесно со 119:117. Џејмс постигна 30 поени со 10 асистенции.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Милвоки 89-117
Далас – Мајами 110-125
Јута – Сакраменто 119-113
Феникс – Њу Орлеанс 112-100
ЛА Лејкерс – Хјустон 119-117

