Австрискиот скијач Рафаел Хазер го освои златниот медал во велеслаломската трка на Светското првенство во Залбах (Австрија) и донесе голема радост за домашните навивачи.
И покрај тоа што стартуваше од 26.позиција, Хазер стигна до триумфот со најдобро време од 2:39,71 минути, со што го освои вториот медал (претходно се закити со сребро во супервелеслалом).Тој зад себе ги остави Швајцарецот Томас Тумлер, кој заостана 0.23 секунди, а бронзениот медал му припадна на Лоик Меар од Австрија ( 0,51 секунда зад победникот).
Првиот фаворит на оваа трка, Марко Одермат, заврши на четвртата позиција и имаше заостанување од 0,57 секунди и остана без медал.
До крајот на Светското првенство во Залбах останува уште трката во слалом, која е на програмата в недела.

