Двократниот светски шампион во Мото Гран При, Франческо Банаја, кој вози за Дукати, ги негира објавите дека ќе го носи оделото на Јамаха.
Тој во тековната сезона го има трето место по првите седум трки и заостанува 72 поени зад лидерот, Марк Маркез.
Италијанецот беше категоричен дека објавите се лажни и дека нема вистина во гласините што го поврзуваат со Јамаха.

