Полскиот одбојкарски репрезентативец Бартош Курек е избран за најдобар играч на вчера завршеното СП во Италија. Курек беше еден од најзаслужните што Полјаците и вторпат едноподруго стигнаа до светската одбојкарска круна.
Меѓу наградените на крајот на првенството се најдоа и Михал Кубјак (Пол) и Даглас Соуса (Бра) како најдобри примачи, Мика Кристенсен (САД) како најдобар техничар и Мет Андерсон (САД) кој беше прогласен за најдобар коректор. Наградата за најдобри блокери ја понесоа
Саткамп (Бра) и Новаковски (Пол), додека најдобро либеро е Заторски (Пол).