Симоне Бера кој е дел од официјалниот снабдувач на гуми на Формула 1, „Пирели“, предвиде дека на трката за Голема награда на Абу Даби ќе има само еден пит-стоп со користење на средни и тврди гуми.
„Дополнителен сет тврди гуми за време на трката дава повеќе опции во однос на стратегијата особено ако има безбедносно возило“ – рече Бера.
Претставникот на „Пирели“ не исклучува дека ова би можело да се промени и меките гуми би можеле да станат соодветни за трката.

