Младиот возач на Хаас, Оливер Берман, призна дека би сакал да добие покана да седне во болидот на Ферари.
„Тие многу веруваа во мене – прво со тоа што ме одведоа во нивната младинска академија а потоа со тоа што ми помогнаа да обезбедам место во Хаас“ – рече Берман.
„Потоа ми доверија автомобил на Ферари кога Карлос Саинц имаше здравствени проблеми иако имаше други возачи многу поискусни“ – потенцираше Берман.

