Возачот на „Априлија“, Марко Безеки, триумфираше на Големата награда на Тајланд, со која започна годинашниот шампионат во Мото ГП.
Италијанецот ја освои третата последователна победа во кариерата на патеката „Чанг“ во Бурирам, станувајќи прв во историјата на Априлија што го сторил тоа. Во исто време, по 13-ти пат во кариерата, а седми пат во кралската класа, Безеки се најде на највисокото скалило на подиумот.
Тој ја помина целта со пет секунди предност пред Педро Акоста, победникот на саботниот спринт, додека Раул Фернандез од Тракхаус и денеска беше на третото скалило на подиумот.

