Тимот на Мерцедес ја комплетираше екипата за наредната сезона. Откако вчера стана јасно дека Луис Хамилтон останува до 2020, денеска официјално беше објавено дека Валтери Ботас исто така потпишал за една година со опција за уште една.
Тоа им стави крај на сите шпекулации и за можните промени во екипата. Финецот откако влезе во екипата во 2017 година забележа три победи. Во изјавата на тимот се вели дека Валтери одиграл клучна улога во освојувањето на шампионската титула во претходната сезона.
„Многу сум горд што ќе бидам дел од овој неверојатен тим. Немам трпение да видам што ќе се случи. Ќе продолжам да давам 100% од мене. Тешката работа секогаш се исплати!” напиша Ботас на неговиот профил на Твитер.