Бред Биндер е победник на трката за ГН на Австрија, откако помина прв низ целта на „Ред Бул Ринг“. Јужноафриканецот во финишот направи многу храбар потег, откако единствено тој не замина во боксот, па ризикувањето му се исплатеше за да дојде до победа на оваа трка.
До својата втора победа, Биндер стигна со оваа храбра трка. Оставајќи го зад себе Франческо Бањаја од Дукати, како и Хорхе Мартин кој го комплетираше подиумот. Биндер на својот КТМ Рејсинг мотоцикл ја запиша својата 17 победа во кариерата, а втора во кралска класа.
Во Мото ГП сега ќе следи пауза, а следната трка е закажана за 29 август на патеката „Силверстоун“ и ГН на Британија. Во генералниот пласман лидер е Квартараро со 181 бод, пред Бањаја и Мир кои имаат по 134, а Зарко има 132.