Флавио Бријаторе кој е советник во екипата на Алпин во Формула 1 , изјави дека набрзо ќе биде назначен нов директор откако Оливер Оукс изненадувачки го напушти тимот по Гран При трката во Мајами.
„Работиме на наоѓање нов менаџер. Жал ми е за Оли, искрено, нашиот однос беше многу добар. Сите знаат дека го напушти тимот од лични причини“ – рече Бријаторе.
„Бараме негова замена. Не сакаме да правиме грешки. Кога ќе избереме нов менаџмент, ќе го објавиме тоа“ рече Бријаторе.

