Луис Хамилтон со болидот на Мерцедес го оствари најдоброто време на првиот неофицијален тренинг на патеката во Монца пред неделната трка во Формула 1 за Големата награда на Италија.
Веднаш зад Британецот се нареди лидерот во сезоната, Макс Верстапен со Ред Бул додека трето време обезбеди вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас. Четврти и петти беа Ленс Строл и минатогодишниот победник на патеката во Монца, Пјер Гасли.
Бидејќи утре ќе има спринт квалификации и тоа по втор пат во сезонава, класичниот тренинг ќе се одржи денеска во попладневните часови