Светскиот шампион на 1500 метри, Џејк Вајтман, откако ја повреди ногата на тренинг, ќе мора да ја пропушти сезоната во сала и Европското првенство во Истанбул.
Шкотланѓанецот го истегна зглобот на подготовки во Јужна Африка и принудно се врати во Британија.
„Со нетрпение ја очекував сезоната во сала но, сега фокусот е да се вратам на трчањето што е можно побрзо“ – напиша 28-годишниот атлетичар на – „Инстаграм“.