Јуфеи Чанг од Кина стана олимписка шампионка на патеката 200 метри пеперутка на пливачкиот турнир на Игрите во Токио.
23-годишната натпреварувачка постигна време од 2: 03,86 минути, што е нов олимписки рекорд. Таа во еден ден освои вкупно три медали откако заврши втора на 100 метри пеперутка а победи и во штафетата 4 и 200 метри слободно.
19-годишната Реган Смит од САД го освои среброто а нејзината сонародничка Хали Фликер дојде до бронзата.