Играчот од средниот ред на Манчестер Сити и репрезентацијата на Белгија, Кевин де Бруин го посети боксот на Ф1 тимот на Ред Бул.
Де Бруин влезе во боксот на австрискиот тим на Белгиското ГП и ги замени дресовите со шампионот во Формула 1 и лидер во сезоната 2022, Макс Верстапен.
Верстапен иако имаше најдобро време во кавлификациите сепак денешната трка ќе ја започне од 14-то место. Почетокот на трката е закажан за во 15 часот на патеката „Спа Франкошампс“

