Дејвид Блат е меѓу имињата на листата со потенцијални тренери на Њујорк за следната сезона. Според информациите од САД, тој ќе има интервју за да се договори со раководството на Никс.
Поранешниот тренер на Кливленд може да направи кам-бек во НБА, каде помина една и пол сезона на чело на Кавалирс и си замина со скор од 67.5%, односно 83 победи во 123 натпревари.
Претставниците на Никс ќе се сретнат со Блат следната недела кога ќе патуваат во Турција специјално да разговараат со него. Блат има добри односи со извршниот претседател на Никс, Стив Милс.