На „Националниот стадион“ во Токио, денеска со почеток во 13 часот ќе започне Свеченото отворање на Летните олимписки игри 2020.
На трибините ќе има само 950 службени лица: дипломати, спонзори и претставници на Меѓународниот олимписки комитет (МОК). Најавено е присуство на 15 шефови на држави и меѓународни организации.
Македонската експедиција ќе има осум натпреварувачи:
Знаменосецот, Дејан Георгиевски, кој ќе настапи во таеквондо
Арбреша Реџепи – џудо
Миа Блажевска Еминова – пливање
Филип Деркоски – пливање
Борјан Бранковски – спортско стрелаштво 10 метри
Јованоска Пулексенија – карате, кати
Стојоски Јован – атлетика
Нуров Магомедгаджи – борење слободен стил