Нов Зеланд ја победи Франција со 26:12 (19: 5) и освои злато на женскиот олимписки турнир во рагби. Селекцијата на Фиџи го освои бронзениот медал откако победи против Велика Британија со 21:12.
Швајцарката, Нина Кристен, со нов олимписки рекорд го освои златото во стрелаштво во дисциплината пушка на 50 метри Таа оствари 463,9 поени. Зад неа завршија две Русинки. Јулија Зикова е втора 461,9 поени а Јулија Каримова со 450,3 поени ја освои бронзата.
Мете Газоз го освои првото злато за Турција на Олимписките игри откако во финалето во стрелаштво го победи Италијанецот, Мауро Несполи со 6:4 .Во мечот за бронза Јапонецот, Такахару Фурукава славеше против Тајванецот Чи-Чун Тан со 7-3.