17-годишната тинејџерка од Алјаска (САД), Лидија Јакоби, направи изненадување во финалето на 100 метри градно и ја освои Олимписката титула во Токио. Јужноафриканката, Татјана Шенмакер, го освои сребрениот медал додека олимписката шампионка од Рио де Жанеиро 2016, Лили Кинг (САД), мораше да се задоволи со бронзениот медал.
Пливачот од Тунис, Ахмед Хафнауи, сензационално го освои златниот медал на трката на 400 метри слободно иако имаше најслабо време меѓу финалистите. – Кога го допрев базенот и видов дека сум првиот, бев толку изненаден. Кога влегов во вода, не размислував за времето, само за медалот“ – рече Хафнауи.
Кина ја освои титулата Олимписки 10 метри воздушен пиштол во мешани екипи на Олимписките игри. Зигианг Зангксинг и Пан Ву направија 387 поени. Второто место е за руските стрелци, Виталина Бацарашкина и Артјом Чернусов со 386. Бронзениот медал го обезбеди Украина во состав Олена Костевич и Олех Омелчук.