Стартуваше новата сезона во Ф1 шампионатот, а тимот на Ферари ја потврди доминацијата во Бахреин, овој пат со победа на трката со која беше означен почетокот на новата сезона. Чарлс Леклер беше најбрз на патеката, пред неговиот клупски колега Карлос Сајнц Јуниор.
Болидите на Ферари доминираа на патеката во Бахреин со нивната брзина која ја покажаа и на самите тренинзи и квалификациите, додека останатите ривали, посебно Мерцедес, ќе мора да работат на подобрување на болидите за продолжението од сезоната. Со триумфот на Леклер и второто место на Сајнц, ова беше прва „еден-два“ победа за Ферари по 2019 година. Двата болида на Ферари беа на првите две места пред Луис Хамилтон кој беше третопласиран.
Во ТОП-10 уште беа Расел, Магнусен, Ботас, Окон, Цунода, Алонсо и Жу, додека без пласман останаа двата болида на Ред Бул возени од Верстапен и Перез. Следната Ф1-трка се вози во Саудиска Арабија, на патеката во Џеда, на 27 март.