Феноменалниот словенечки кошаркар Лука Дончиќ кариерата во НБА лигата ја започнува како кошаркар на Далас. На синоќешниот Драфт во НБА лигата, Словенецот беше избран како трет пик на драфтот од страна на НБА франшиза во Атланта, но Маверикси стигнаа до правата за него со трејд во кој Хокси ќе го добијат плејмејкерот Треј Јанг кој беше избран како петти пик, а веројатно добиваат и една од повисоките позиции за избор следната година.
Иако се зборуваше дека Дончиќ повторно ќе работи со Кокошков во Феникс Санс, сепак, „Сонцата“ од Аризона се решија како прв пик да го добијат центарот Деандре Ејтон, студент на Универзитетот во Аризона, а по потекло од Бахамите.
Како втор пик на драфтот, Марвин Бегли замина во Сакраменто, додека Џарен Џексон како четврти избор заминува во екипата на Минесота.